И СИМПТОМИ СЕ ДОВОЛНИ ДА СЕ ОДЛОЖИ РОЧИШТЕ ЗА „БЕСА ТРАНС“ Газдата и без позитивен тест не дојде на судење

„Ковид-19 е болест од пандемиски размери, па најдобро беше да не доаѓа денеска“,рекол бранителот за својот клиент.

528

Се одложи рочиштето во Кривичниот суд во Скопје денеска за случајот „Беса Транс“.

Сопственикот на компанијата, Беким Хаџиу, во чиј автобус загинаа 45 патници на автопатот „Струма“ во Бугарија, пријавил дека има симптоми на ковид-19. Бранителот на обвинетиот до судот доставил потврда за направен тест за ковид-19 и објаснил дека до моментот на одложувањето на рочиштето резултатите од тестот не биле стасани.






– Ковид-19 е болест од пандемиски размери, па најдобро беше да не доаѓа денеска – рекол бранителот за својот клиент.

Сопственикот Хаџиу и Шабан Хоџа, управител на „Беса Tранс“, се обвинети дека злоупотребувале лажна лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

И двајцата на претходното рочиште изјавија дека не се виновни.

Следното рочиште ќе се одржи на 2 февруари.

Поврзани содржини
na