И СЕГА СТЕ ВТОРИ, АМА ВО УКРАИНА Столтенберг е уверен дека Русите губат во војната

Столтенберг истакна дека руската агресија предизвикала драматични промени, вклучително и зголемена поддршка за проширување на НАТО и зајакнување на украинската војска.

2,201

„Руската армија некогаш беше позната како втора најсилна армија во светот. Денеска е втора најсилна во Украина“.

Вака шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, го заклучи својот говор пред претставниците на Европарламентот во кој увери дека Украинците победуваат во својата контраофанзива и освојуваат нова територија.






Неговиот оптимизам е во контраст со загриженоста на Вашингтон за украинската тактика при контраофанзивата.

Столтенберг истакна дека руската агресија предизвикала драматични промени, вклучително и зголемена поддршка за проширување на НАТО и зајакнување на украинската војска. Тој потсети дека соработката меѓу НАТО и ЕУ е поважна од кога било и дека не смее да се напушти континуираната поддршка на Украина, „ниту во добри, ниту во лоши времиња“.

Ги повика и членките на ЕУ и НАТО да инвестираат повеќе во одбраната, имајќи предвид дека огромното мнозинство на инвестиции во НАТО доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ.

Во однос на рускиот дрон кој падна на брегот на Дунав, а за кој украинските власти тврдеа дека паднал на територија на Романија близу границата, Столтенберг рече:

– Немаме никакви информации кои укажуваат на намерен напад од страна на Русија и го чекаме исходот од истрагата што е во тек.

Поврзани содржини