И СДСМ е против државна матура годинава

319

Во време кога се соочуваме со пандемијата на кроонавирусот, специфичните услови во кои се одвива образовниот процес, се поставуваат одредени прашања за кои навремено треба да се донесат соодветни одлуки, велат од СДСМ.

– СДСМ смета дека не треба да има државна матура оваа учебна година. Бараме укинување на државната матура за оваа учебна година, поради условите во кои се одвива образованиот процес, придизвикани од заштитните мерки против коронавирусот.






Сите ученици треба да се ослободат од полагање на државна матура, а факултетите каде ќе има голема конкуренција за упис, селекцијата да ја направат преку приемен испит. На овој начин ќе ги поддржиме учениците, матурантите, имајќи ги предвид специфичните услови во кои се одвива образовниот процес и водејќи грижа за нивното здравје. Сметаме дека ова е најисправната одлука имајќи ги предвид сите аспекти на кризата од коронавирусот за која очекуваме да се произнесат и надлежните институции – вели Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

 

Поврзани содржини