И рој летечки мравки ќе го следат натпреварот Англија – Италија?

Утре ќе се одржи финалето на Европското првенство, каде репрезентацијата на Италија ќе игра против Англија. Натпреварот ќе се игра во Лондон на „Вембли“ со почеток во 21 часот. 

458

Околу милион летачки мравки може да се појават на стадионот „Вембли“ за време на финалето на ЕВРО 2020 меѓу Англија и Италија, објави „Скај њуз“.

Според британскиот телевизиски канал, ројот на инсекти е снимен на радарски слики објавени од метеоролошката служба. Голема акумулација на летачки инсекти е пронајдена над голем дел од Лондон, вклучувајќи ја и областа Вембли.






Утре (11 јули) ќе се одржи финалето на Европското првенство, каде репрезентацијата на Италија ќе игра против Англија. Натпреварот ќе се игра во Лондон на „Вембли“ со почеток во 21 часот. 

Поврзани содржини