И ПУТИН ИМА СВОЈ ВУХАН Тајните на биолабораторијата „Вектор“ на Сибир не се докрај разјаснети

Советскиот центар каде бил направен вирусот Марбург бил затворен во 1992 година, за пак да биде откриен, а неговиот директор мистериозно да исчезне. Но, „Вектор“ е само еден од 59 опасни биолаборатории низ светот, меѓу кои најголема е таа во кинескиот град Вухан.

821

Спремаат ли Русите биолошко оружје во познатата биолабораторија „Вектор“ на Сибир која наводно работи за пронаоѓање вакцини и противотрови за сипаници, антракс, ХИВ и ебола? Институтот од 1974 година беше центар на советската програма за хемиско оружје „Биопрепарат“ за во 2017 година неговиот директор, микробиологот Илја Дроздов, мистериозно да исчезне, пишува ДејлиМејл.

Додека Западот обвинува за можен хемиски напад во Украина, добро е да се знае дека „Вектор“ е само една од 59 такви „смртоносни“ лаборатории низ светот, меѓу кои и онаа во Вухан, која е убедливо најголема. Но, она што е интересно дека „Вектор“ бил официјално затворен во 1992 година, а за потоа пак да биде отворен за научници во посебни воени костуми повторно да вршат испитувања.






Вирусот Марбург, несреќни случаи и експлозии

Некои од тие научници веќе се мртви. Пред петнаесет години, лабораториската работничка Антонина Пресњакова починала откако случајно се набила на игла која го содржела вирусот ебола. Лабораторијата се најде на насловните страници во 2019 година, кога експлозија на гас остави еден работник со изгореници од втор и трет степен.

Шефовите тогаш негирале дека пожарот направил патогените од лабораторијата да се прошират во Русија. Властите ангажираа 13 противпожарни возила и 38 пожарникари за да го изгаснат пожарот, за кој лабораторијата тврди дека зафатил 30 квадратни метри.

Научниците во лабораторијата, исто така, претходно го вооружија вирусот „Марбург“ – кој убива 88 отсто од луѓето што ги инфицира. Истражувач кој си го инјектирал вирусот и починал во 1988 година, наводно, е закопан во гроб обложен со цинк на гробиштата во лабораторискиот комплекс.

Своевремено, советската програма „Биопрепарат“ вработувала 40.000 луѓе.

фото: јутјуб/принтскрин

Како изгледа „Вектор“?

Тајниот објект на „Вектор“ е сместен на ниво минус четири под земја во југозападен Сибир на границата со Казахстан, едно од најтешките и најизолираните места на земјата, каде температурите може да паднат до-35 степени во зима. Центарот од 70.000 квадратни метри е приближно еднаков на фудбалското игралиште.

Официјално, лабораторијата сега се фокусира на развој на вакцини. Лани „Вектор“ започна истражување за праисториски вируси пронајдени кај палеолитските коњи извлечени од стопениот мраз во Сибир.

Ако се врати, Дроздов го чека притвор

Руската полиција не коментираше за тоа каде е научникот и поранешен директор Дроздов. Можеби се плашат дека побегнал на Запад или во земја која би сакала да ја искористи неговата експертиза? Руското Министерство за внатрешни работи потврди дека Дроздов се соочува со итен притвор доколку биде пронајден.

Судот нареди научникот да биде уапсен „во отсуство“ поради наводна измама, во загадочен случај поврзан со „Вектор“, кој беше отворен само четири години откако тој го напушти истражувачкиот центар, објави The Siberian Times.

Колегите во „Вектор“ тврделе дека како директор им плаќал „прекумерни“ плати на директорите, додека работниците во лабораторија добивале „понижувачки ниски плати“.

фото: јутјуб/принтскрин

59 лаборатории низ светот работат со смртоносни вируси

Објектот „Вектор“, кој сега вработува околу една третина од скоро 4.500 вработени што ги имаше во советската ера, е една од 59-те безбедносни лаборатории на ниво на четврто распространети околу 23 различни земји.

Најголемиот објект во светот е Институтот за вирологија Вухан во Кина, каде што некои веруваат дека започнала пандемијата на коронавирусот. Вакви лаборатории, на пример, Велика Британија има седум.

Искоренети ли се сипаниците?

„Вектор“ е исто така една од само двете лаборатории во кои се сместени смртоносниот вирус на сипаници, а другата е Центрите за контрола и заштита на болести (ЦДЦ) во Атланта, САД. Тие се единствените капацитети во светот на кои им е дозволено да го задржат вирусот според меѓународен договор.

И двата Институти се проверуваат за безбедност од страна на Светската здравствена организација (СЗО) на секои две години, а последниот преглед на Институтот „Вектор“ беше во 2019 година пред почетокот на пандемијата.

СЗО во 19809 ги има прогласено сипаниците за глобално искоренети, а последниот природен случај на сипаници беше во 1977 година. Се проценува дека малите сипаници убиле до 300 милиони луѓе во 20 век.

Поврзани содржини