И ПУТИН ИМА СВОЈ „РАСПУТИН“ Кој е Дугин, чија ќерка беше мистериозно убиена во семејниот автомобил?
Украина нема никаква историја на државност, додека нејзините сегашни територии се историски случајни и резултат на административниот дизајн на болшевиците. Кога Путин, како што ја оправдуваше воената операција во Украина, рече дека „Украина е создадена од Ленин“, тој беше апсолутно во право, потцртува Дугин.
„Мозокот на Путин, главниот идеолог на експанзијата на Русија, па дури и „Распутин на Путин“ според магазинот „Форејн Полиси“. Вака е нарекуван во западните медиуми филозофот Александар Дугин чија ќерка Дарја Дугина загина под неразјаснети околности во автомобил кој експлодираше среде Москва. Стои ли Киев зад можниот атентат или можеби Кремљ?
Дугин, всушност, не е толку популарен во Москва, пишува РусијаДенес. Тој е следен од ултанационалистите кои сметаат дека дури и Путин е мек во надворешната политика. Но, на Запад тој е ултра-познат. Тој во раните 90-ти го привлече вниманието на јавноста со неговите идеи за нова моќна континентална империја која постојано се шири како „бедем против сеприсутното ширење на западниот либерален модел на планетата“.
Вечерта во саботата, Дарја се враќа од семеен настан на кој била заедно со нејзиниот татко, а тој планирал да го напушти настанот со истиот автомобил, за во последен момент да одлучи да земе посебно возило. Ова за руската агенција ТАСС го изјави Андреј Краснов, нејзин познаник. Џипот кој го возела Дарја му припаѓал на татко ѝ.
Несомнено е дека Дарја постануваше позната ТВ личност која оди по стапките на татко ѝ. Но, тоа не заврши добро.
Daria Dughina, aged 30, was killed on the spot#Russia #Moscow pic.twitter.com/9p1YO81ipo
— RoINTEL (@RoINTEL) August 21, 2022
Дугин ја предвиде војната во Украина?
Во своето главно дело „Фондацијата на геополитиката: геополитичката иднина на Русија“, објавено во 1997 година, Дугин го предвиде крвопролевањето во Украина.
„Суверенитетот на Украина е толку негативен фактор за руската геополитика што, во принцип, лесно може да предизвика вооружен конфликт“ , напишал тој.
Дугин тврди дека, Украина треба да биде интегрирана во руската држава, како што била во царско и советско време, притоа задржувајќи одреден степен на автономија.
Авторот страсно ја поддржа одлуката на Москва за реапсорбирање на Крим, откако полуостровот на референдум гласаше за напуштање на Украина по државниот удар во Киев во 2014 година. Тој потоа беше ставен на црната листа на САД и Канада. Во 2014 година, тој го напушти Московскиот државен универзитет, каде пет години го водеше одделот за социологија за меѓународни односи.

Борец против Западот
Дугин на сличен начин ја поддржа воената операција што Москва ја започна против соседната држава кон крајот на февруари оваа година. Тој тврди дека, од независноста на Украина во 1991 година, Западот предводен од САД го поттикнува конфликтот поддржувајќи ги националистите и другите антируски сили во Киев и продолжува да го прави тоа со испраќање оружје во Украина.
Според него, од самиот почеток, проектот за независна Украина беше насочен против Русија и надгледуван од англосаксонците.
„Битката за Украина и против Русија е историската константа на геополитичката стратегија на Западот“, напиша Дугин во авторски текст за конзервативната медиумска групација Царград ТВ во март. Тој исто така тврдеше дека сегашните граници на Украина биле вештачки исцртани кога Украина била дел од Советскиот Сојуз.
„Украина нема никаква историја на државност, додека нејзините сегашни територии се историски случајни и резултат на административниот дизајн на болшевиците. Кога Путин, како што ја оправдуваше воената операција во Украина, рече дека „Украина е создадена од Ленин“, тој беше апсолутно во право“, потцртува Дугин.
– Руската армија во моментов се бори против суверените држави кои наметнуваат униполарен свет. Не можеме да ја изгубиме оваа војна. Во спротивно, целиот свет ќе биде во пламен – изјави Дугин за турскиот весник „Туркије Газетеси“ во април.
Следејќи ги стапките на нејзиниот татко
А што се случи со Дарја, неговата ќерка? Како и татко ѝ Дарја ја поддржа руската воена кампања во Украина, земја која ја опиша како „пропадната држава“. Појавувајќи се на подкастот „Соловјов ВО ЖИВО“ само неколку часа пред нејзината смрт, таа го обвини Западот дека се обидува да ја наметне својата волја на другите.
– Специјалната воена операција [во Украина] е последниот клинец во ковчегот на светскиот хегемон (Западот) – рече таа.
Британија овој месец ја стави Дугина на црната листа како „чест и висок придонесувач на дезинформации во врска со Украина“.
Советникот на украинскиот претседател Михаило Подолјак негираше вмешаност на Киев во бомбашкиот напад.
– Сакам да истакнам дека Украина, очигледно, нема никаква врска со тоа – изјави тој за украинските медиуми во неделата.