И ПУТИН ЈА САКА „ЗЕЛЕНАТА“ ЕНЕРГИЈА Русија ќе стане најголем извозник на водород до 2035 година
Русија располага со значителни ресурси и технолошки можности за развој на зелената енергија. Во наредните години ќе бидат лансирани пилот-проекти за производство на водород со ниски емисии на штетни гасови и нивна примена во енергијата, транспортот и индустријата, истакна Путин.
До 2035 година Русија би можела да стане еден од најголемите светски производители и извозници на водород, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на средба со претставник на италијанскиот бизнис.
– Русија располага со значителни ресурси и технолошки можности за развој на зелената енергија. Во наредните години ќе бидат лансирани пилот-проекти за производство на водород со ниски емисии на штетни гасови и нивна примена во енергијата, транспортот и индустријата – истакна Путин.
Според него, концептот за развој на водородната енергија веќе се спроведува, додавајќи дека „до 2035 година Русија би можела да стане еден од најголемите светски производители и извозници на водород“.
– Русија неодамна презеде голем број важни чекори за создавање економија со ниска потрошувачка на јаглерод. Земјата планира да стане јаглеродно неутрална до 2060 година, истовремено одржувајќи одржлив економски раст – нагласи Путин.