И ПУДЛИЦАТА ВО ВИЛАТА НА „ПЛЕЈБОЈ“ БИЛА ЗАВИСНА ОД КОКАИН Ѝ го лижела носот на една славна личност

Хју Хефнер морал да го држи кучето подалеку од гостите за време на неговите разуздани забави во куќата бидејќи вилата била „полна со дрога“.

935

Пудлицата на најдобриот пријател на Хју Хефнер, филмскиот режисер Џон Данте, наводно развила зависност од кокаин откако поминала извесно време во познатата вила на „Плејбој“.

Една од поранешните зајачици на Хефнер, Сандра Теодор, во една од епизодите од документарниот филм „Тајните на „Плејбој““, ги изнела овие бизарни детали за пудлицата, тврдејќи дека Хефнер морал да ја држи подалеку од гостите за време на неговите диви, разуздани забави во куќата бидејќи вилата била „полна со дрога“.






– Џон Данте беше најдобриот пријател на Хеф. Тој имаше куче по име Луиз, а таа мала пудлица стана зависна од кокаин. Кучето го намирисуваше од другата страна на собата, па мораа да ја заклучуваат кога луѓето беа во близина – рекла Сандра.

Таа додала и дека пудлицата скокала секогаш кога ќе намирисала дрога во близина, а повеќето од гостите користеле некакви опијати.

„Една ноќ во вилата влезе многу позната личност и кучето скокна од каучот и почна да ѝ го лиже носот. Таа рече: „Тој едноставно ме сака“, но сите знаевме зошто тоа куче беше врз неа“, додала таа. Сандра, пренесува „Радар онлајн“.

Поранешната соработничка на Хефнер, Лиза Ловинг Барет, исто така, во документарниот филм за тајните на вилата на „Плејбој“ потврдила дека обилно се користела дрога, а открила дека кокаин бил ставен дури и под држачот за тоалетна хартија.

 

 

Поврзани содржини