И принцот Вилијам ја критикуваше европската Супер лига

507

Претседателот на Англискиот фудбалски сојуз (ФА) принцот Вилијам, го критикуваше денеска формирањето на европската Супер лига, нагласувајќи оти ја дели загриженоста на навивачите поради идејата за ново клупско натпреварување.

„Сега, повеќе од кога и да е, мораме да ја заштитиме целата фудбалска заедница, од најниско до највисоко ниво – и вредностите на натпреварувањата и правичноста во својата срж“, напиша на Твитер војводата од Кембриџ, кој воедно е и претседател на Фудбалската федерација на Англија






„Ја делам загриженоста на навивачите поради предложената Супер лига и штетите кои ризикува да и ги нанесе на играта што ја сакаме“, додаде принцот Вилијам.

Поврзани содржини