И ПРЕТХОДНО СЕ ПРАВЕЛЕ ЗЛОУПОТРЕБИ СО ИПАРД, СИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ Мицкоски побарал да сопре исплатата на поддршката, за да се утврдат сите злоупотреби

Поздравена е позитивната е позитивната акција од луѓето од Европската комисија, рече денеска премиерот Христијан Мицоски, кој додаде дека ЕК не донела одлука да сопре исплатата на парите од ИПАРД.

829

Европската комисија не донесе одлука да се блокира исплатата на парите од програмата ИПАРД за поддршка на земјоделците, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Напротов, додаде тој, поздравена е позитивната акција од луѓето од Европската комисија.

Премиерот рече дека тој побарал да бидат сопрени исплатите од програмата






– Да, јас тоа го побарав, затоа што мора да видиме до каде одат злуопотребите. Првичните информации се дека не е тоа од сега, се правело и наназад. Сè ќе испитаме, а секој што мисли дека така ќе помине, се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен, кој сака нека е – рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ГО СТОПИРА ИПАРД Одлуката по истрагата за корупција ја поздрави и Брисел

Поврзани содржини