И ПРЕЛЕЖАНИТЕ ОД КОВИД ЌЕ МОЖАТ ВО КАФУЛЕ Ќе треба да потврдат дека не изминале 45 дена од оздравувањето

Според одлуките на последната владина седница, невакцинираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица.

1,432

Граѓаните кои прележале ковид-19 ќе можат да одат на настани и во кафуле исто како и оние со примена една доза вакцина, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Ови граѓани, како што рече министерот, ќе треба да покажат потврда дека од прележаниот ковид-19 не поминале 45 дена.






– Тој период е за да поминат неопходните 30 дена по оздарвувањето, 15 тина дена да се организира вакцинацијата. Единствено решение е да се зголеми опфатот со вакцинација, верувам граѓаните ја разбраа пораката за мерките и сакам да им се заблагодарам. Ако граѓаните имаат дилема сакам да ги охрабрам да одат да се вакцинираат, тоа е начинот со којшто ќе постигнеме колективен имунитет, ќе имаме нормален живот, ќе може да функционираме, да живееме, да работиме, да бидеме продуктивни и да ги вратиме назад нашите животи. Доказ за тоа е дека популацијата на вакцинирани граѓани, заболува во исклучително мал процент – изјави  Филипче.

По завршувањето на првите 45 дена, од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина.

– Според одлуките на последната владина седница, невакцинираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица, но во овие рамки има и нова потврда за прележан ковид со која граѓаните исто така ќе може да се движат на посочените места – рече Филипче.

Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

 

Поврзани содржини