И покрај вонредната состојба во Дебар, две кафулиња работеле турбо
Како што е наведено во полицискиот билтен, во објектите на пријавените биле затекнати поголеми групи на граѓани, а полицијата поднела кривични пријави против сопствениците.
При извршена контрола на градското подрачје, полициските службеници од ОВР-Дебар констатирале дека 42-годишниот Л.О, сопственик на угостителски објект и 26-годишниот Б.Л, сопственик на интернет-кафе, не ги почитувале мерките и препораките на Владата за забрана за работа.
Како што е наведено во полицискиот билтен, во објектите на пријавените биле затекнати поголеми групи на граѓани, а полицијата поднела кривични пријави против сопствениците.