И покрај пандемијата, Путин не се откажува од парадата!

Лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, остро го искритикувал ваквото однесување и одлуката на министерот за одбрана Сергеј Шојку ја нарекол „идиотска“.

283

И покрај пандемијата со коронавирусот во светот, Русија и натаму продолжува да одржува проби за својата парада на Денот на победата на 9 мај годинава, па иако тамошната опозиција предупредува дека одржувањето на настанот може да биде опасно за граѓаните, сепак Кремљ не ја повлекува идејата да се одбележи патриотскиот празник кој е од големо политичко значење.

На социјалните мрежи деновиве кружат видео-снимки на кои се гледа како 15.000 руски војници се построени надвор од Москва, каде што Министерството за одбрана потврдува дека одржува проби за парадата.






Лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, остро го искритикувал ваквото однесување и одлуката на министерот за одбрана Сергеј Шојку ја нарекол „идиотска“.

– Идиотска е одлуката на Шојгу да се продолжи со пробите, бидејќи војниците стануваат потенцијално жариште на коронавирусот – рекол Навални.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопштило дека презема мерки на претпазливост за да се обезбеди сигурноста на војниците, вклучувајќи редовни мерења на температурата.

Поврзани содржини