И покрај мерката воведена од неговиот син, таткото на Борис Џонсон заминал во Грција

Џонсон „постариот“, поранешен член на Европскиот парламент, пристигнал во Грција преку Софија затоа што грчките власти забранија директни летови од Велика Британија до средината на јули.

563

Таткото на британскиот премиер Борис Џонсон, Стенли Џонсон (79), ја прекршил мерката воведена од неговиот син и денес преку Бугарија отпатувал до неговата вила во Пелион, во централна Грција.

Тој патувал и покрај препораката на Канцеларијата за надворешни работи, британските граѓани да не патуваат во странство доколку не треба, а неговото патување во Грција покажува дека е можно да се стигне до посакуваната дестинација преку трета земја и да се заобиколат правилата за да се спречи ширењето на коронавирусот, пренесе „Грчки репортер“.






Џонсон „постариот“, поранешен член на Европскиот парламент, пристигнал во Грција преку Софија затоа што грчките власти забранија директни летови од Велика Британија до средината на јули.

Тој е веста дека е во Грција ја објави на својот „Инстаграм“ профил.

– Јас сум во Пелион. Морам да поставам мерки за дистанцирање на објектот затоа што овде тие многу сериозно го сфаќаат – напиша Џонсон.

Тој додаде дека иако Грција ги забрани пристигнувањата од Велика Британија, Грците се „многу среќни што го гледаат“.

– Единствено што сакаат да знаат е од каде потекнувам и што работам. Потоа ми измерија температура и двапати ми зедоа брис – додаде Џонсон откако слетал на аеродромот.

Вилата со четири спални на Џонсон во Пелион има базен и тераса со поглед на планините и морето и е на пет минути пешки од плажа преку поле со маслинки.

 

 

View this post on Instagram

 

Arriving in Athens this evening!

A post shared by Stanley Johnson (@stanleyjohnson) on

Поврзани содржини