И покрај коронавирусот, сезонски работници пристигнуваат во Германија
Повеќето пристигнаа од источноевропски земји како Романија, Бугарија, Украина и Унгарија, каде што платите се многу пониски отколку во Германија.
Два авиони со сезонски земјоделски работници од Источна Европа пристигнаа денес во Берлин и Дизелдорф.
Повеќето пристигнаа од источноевропски земји како Романија, Бугарија, Украина и Унгарија, каде што платите се многу пониски отколку во Германија.
На сезонските работници им беше забрането да патуваат по избувнувањето на коронавирусот, предизвикувајќи огромен недостаток на достапниот персонал за собирање аспарагус, како и засадување на други култури на германските полиња, каде минатата година биле ангажирани околу 300.000 работници.
Според новата програма, работниците мора да доаѓаат во Германија во контролирани групи за да спречат евентуално заразување на други лица за време на патувањето и да бидат подложени на лекарски преглед по пристигнувањето.
Потоа тие мораат две недели да живеат и да работат одделно од другите сезонски работници и да носат заштитна опрема.
Претставувајќи ја програмата на министерот за земјоделство, Џулија Клекер, рече дека станува збор за прагматично решение што ќе им овозможи на 40.000 сезонски работници да дојдат во земјата во април и уште 40.000 во мај.
Таа рече дека се надева дека ќе најде дополнителни 20.000 работници меѓу невработените, студентите или барателите на азил во Германија во текот на тие два месеци.