И ПОКРАЈ ИЗЛОЖЕНОСТА НА ИНФЕКЦИЈАТА Луѓето негативни на корона може да имаат „имуна меморија“

Откритието би можело да го отвори патот за нова генерација вакцини насочени кон Т-клетките, кои би можеле да произведат подолготрајниот имунитет, велат научниците.

810

На многумина им се познати оние случаи кога еден член од домаќинството, и покрај тоа што е заразено целото негово семејство, никогаш не е позитивен на тестирање за ковид-19.

Научниците веруваат дека нашле одговор на оваа енигма и дека има луѓе кои се инфицираат со вирусот, но Т-клетките на имунолошкиот систем го чистат во најраната фаза на болеста. Затоа, ПЦР и тестовите за антитела кај таа личност секогаш покажуваат негативен резултат.






Околу 15% од здравствените работници кои ги надгледуваше системот за време на првиот бран на пандемијата во Лондон, се чини дека спаѓаат во ова сценарио, пишува „The Guardian“.

Т-клетки

Откритието би можело да го отвори патот за нова генерација вакцини насочени кон Т-клетките, кои би можеле да произведат подолготрајниот имунитет, велат научниците.

– Секој има свои анегдотски приказни за луѓе кои биле изложени на инфекција, но не подлегнале на инфекцијата. Она што не го знаевме е дали овие луѓе навистина успеале да ја избегнат инфекцијата или дали нивното тело го отстранило вирусот пред да биде откриен со рутински тестови – рече имунологот Лео Свадлинг од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Најновата студија ги следеше здравствените работници за знаци на инфекција и нивниот имунолошки одговор за време на првиот бран на пандемијата. И покрај високиот ризик од изложеност, 58 учесници никогаш не биле позитивни на ковид-19.

Сепак, анализата на нивните примероци од крв покажа дека тие имаат поголем број на Т-клетки кои реагираат на коронавирусот отколку пред пандемијата и во споредба со луѓето кои воопшто не биле изложени на вирусот. Тие, исто така, имаа зголемување на друга крвен показател на вирусна инфекција.

Истражувањата сугерираат дека голем број луѓе имаат мемориски Т-клетки формирани по претходни инфекции со други сезонски коронавируси кои предизвикуваат настинки, кои всушност подоцна ги заштитиле од ковид-19.

Овие имунолошки клетки можат да препознаат протеини во ковид-19 кои се вообичаени за сезонските коронавируси и обезбедуваат многу брза заштита.

Вакцини кои обезбедуваат подолготрајна заштита?

Резултатите од истражувањето се особено значајни затоа што Т-клетките на имунолошкиот систем имаат тенденција да обезбедуваат подолготраен имунитет кој обично трае со години, наспроти неколкумесечната заштита што ја обезбедуваат развиените антитела.

Речиси сите постоечки вакцини против ковид-19 се засноваат на производство на антитела против „спајк“ протеинот со кој SARS-CoV-2 влегува во нашите клетки. Иако овие антитела обезбедуваат одлична заштита од потешки симптоми на болеста, имунитетот слабее со текот на времето. Дополнително, вакцините базирани на овој протеин може да ја изгубат својата ефикасност со текот на времето бидејќи е познато дека оваа регија на вирусот мутира.

Спротивно на тоа, одговорот на Т-клетките е многу постабилен и цели кон внатрешна репликација што е вообичаена помеѓу различни типови на коронавирус – што значи дека вакцината заснована на нивниот одговор веројатно ќе обезбеди подолготрајна заштита и заштита од нови соеви, а можеби дури и комплетно нови причини за други болести.

Поврзани содржини