Светската здравствена организација не знае кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, но претпоставува дека болеста ќе биде ставена под контрола во рок од две години, соопшти прес-службата на таа организација.
Денеска се навршуваат точно шест месеци откако СЗО прогласи пандемија, иако организацијата првично го сметаше појавувањето на вирусот ковид-19 за пандемија со неколку жаришта.
– Од оваа гледна точка, не можеме да кажеме кога ќе заврши пандемијата, но можно е, со глобални напори и модерна технологија, да биде ставена под контрола за неколку години – се наведува во соопштението.
Од СЗО истакнуваат дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети – спречување на ширење на вирусот, оспособување на луѓето да се заштитат, основите на јавното здравје и заштита на ранливите категории, вклучително и стари лица и лица со посебни потреби.
СЗО исто така смета дека шест месеци по прогласувањето на пандемијата, вирусот остана заразен на ист начин.
– Човечките вируси можат да напредуваат, да станат помалку или повеќе патогени. Врз основа на сегашната евиденција, на повеќе од 80.000 геномски примероци, утврдено е дека преносливоста и сериозноста на вирусот не се променети – наведува СЗО, додавајќи дека промените кај вирусот постојано се следат.
Според Светската здравствена организација, иако ковид-19 е нов вирус сега се знае многу за него.