И ПО СЕДУМ МЕСЕЦИ КАМЧЕВ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР Кривичниот суд решаваше на затворена седница

Адвокатите на Камчев тврдат дека судските органи во Северна Македонија ги прекршуваат одредбите на Европскиот суд за човекови права. Тие во повеќе наврати изразија загриженост дека властите не успеале да дадат конкретни причини за продолжување на неговиот притвор и се незадоволни што не се прифатени неговите барања со кауција да биде префрлен во домашен притвор.

545

  Кривичниот суд на затворена седница за 30 дена го продолжил седуммесечниот притвор на бизнисменот Јордан Камчев.

Одлука е донесена на 8 октомври, по барање на Обвинителството да се продолжи неговиот притвор за уште 30 дена. Тој изминатиов период во неколку наврати понуди кауција во замена за куќен притвор, но судот не ги прифати понудените гаранции.

Адвокатите на Камчев тврдат дека судските органи во Северна Македонија ги прекршуваат одредбите на Европскиот суд за човекови права. Тие во повеќе наврати изразија загриженост дека властите не успеале да дадат конкретни причини за продолжување на неговиот притвор и се незадоволни што не се прифатени неговите барања со кауција да биде префрлен во домашен притвор. Тие тврдат дека неговото здравје е нарушено и се загрижени за условите во Затворот Скопје.

– Затворената седница за продолжување на притворот на Камчев без да се информира неговиот правен тим и без обвинение, е срам – велат од адвокатската канцеларија Менкиноски.

Во текот на летото, Камчев се жалеше на влошена здравствена состојба и беше префрлен во болница. Тој беше вратен во затворот во Скопје неколку дена подоцна, но адвокатите тврдат дека тој сè уште страда од сериозни, долгогодишни проблеми со кардиоваскуларното здравје.

Поврзани содржини