И ПО 5 ГОДИНИ МИЦКОСКИ ИМА ПОМАЛ РЕЈТИНГ ОД ГРУЕВСКИ Пендаровски му возврати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Во македонската политичка историја, претседателите на најголемите политички партии секогаш имале двојно повисок личен рејтинг од партиите кои ги воделе, порача претседателот на државата.
Христијан Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг, одговори актуелниот претседател Стево Пендаровски откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ утрово рече дека Пендаровски не би победил за претседател на куќен совет во зградата во којашто живее.
„И после цели 5 години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски има двојно помал рејтинг од нивниот поранешен претседател Никола Груевски. Во македонската политичка историја, претседателите на најголемите политички партии секогаш имале двојно повисок личен рејтинг од партиите кои ги воделе. Ова беше случај и со Бранко Црвенковски и со Зоран Заев кај СДСМ, и со Љубчо Георгиевски и Никола Груевски кај ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски е единствениот исклучок затоа што има 50% понизок рејтинг од партијата која ја предводи. Впрочем, најпрецизен индикатор за личниот рејтинг на Мицкоски е последната анкета на фондацијата ИРИ, на која претседателот Пендаровски има најголема доверба, а Мицкоски не се наоѓа ниту меѓу првите петмина на листата”, се вели во реакцијата на Пендаровски.