И ПЛАТИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ И НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ЛИНЕАРНО Несекојдневен предлог на адвокатот Пепељуговски

Предлогот е паралела со одлуката на Владата за ново линеарно зголемување на пензиите.

7,106

Скопскиот адвокат Валентин Пепељуговски предлага платите на државните службеници и на избраните и на именуваните државни функционери во иднина да се зголемуваат линеарно.

Пепељуговски на Фејсбук пишува дека Владата за ова треба да донесе одлука, а Собранието закон со кој ќе се озакони ваквиот начин на зголемување на платите на буџетарите, идентичен со начинот на кој Владата предлага да се зголемуваат пензиите.






Дебатата за одлуката на Владата за ново линеарно зголемување на пензиите за 2.000 денари ја подели јавноста – има мислења дека треба да се намалуваат разликите меѓу највисоките и најниските пензии, но и мислења дека треба да се следи логиката што ја наметнува различната висина на пензискиот придонес.

Во секој случај, интересна е дилемата дали може да се направи паралела меѓу зголемувањето на пензиите и зголемувањето на платите кои се исплаќаат од државниот Буџет.

Поврзани содржини