🎥 И ПЕНДАРОВСКИ СМЕТА ДЕКА Е ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ КОРИСТИ МАКЕДОНИЈА БЕЗ СЕВЕРНА Еве што зборуваше во кампањата
Објаснувајќи зошто во кампањата зачестено го користи името Македонија без придавката „северна“, Пендаровски, тогаш уште во својство на шеф на државата, објасни дека во сите официјални својства го користи новото име на државата. Исто како и сега Гордана Сиљановска Давкова...
Јас го почитувам Уставот и кога ќе дојдете кај мене во Кабинет ќе видите табла на која пишува „Северна Македонија“. На сите мои јавни официјални настапи го користам тоа име, но користењето на името Македонија без придавката „Северна“ не е во спротивност со Преспанскиот договор затоа што станува збор за реторика.
Ова, во едно предизборно интервју на Канал 5, го изјави експретседателот Стево Пендаровски кој потенцираше дека за време на кампањата не гледал потреба да го кажува целосното име „Северна Македонија“, туку се одлучувал само за – Македонија.
Од друга страна, голема галама се крена откако новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова одлучи за време на заклетвата да не ја користи придавката „Северна“.
Во продолжение, погледнете го видеото: