И овој месец пензиите ќе се исплаќаат од 27 до 30 јули

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување добил задолжение да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 месецов.

490

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27 месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата, соопшти владината прес-служба.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување добил задолжение да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 месецов.






Според препораката од Владата, за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата треба да се изврши на 27.07.2021 (вторник),  а за тие со износ од 11.001-14.000 денари на 28.07.2021 (среда). Пензиите со износ од 14.001 до 18.000 денари, според препораката, треба да се исплаќаат на 29.07.2021 (четврток), а над 18.001 денари – на 30.07.2021  (петок).

 

Поврзани содржини