И ОВА ЛЕТО ЌЕ ЗАПИРАМЕ НА СЕКОЈА РАМПА НА ГРЧКИТЕ АВТОПАТИШТА Србите од 1 јуни ќе плаќаат една патарина и со Грција

Според она што го најави српското претпријатие „Патишта“ српските граѓани ќе можат на едно место да платат патарина во Црна Гора од 15 април, со Хрватска од 15 мај, а со Грција од 1 јуни.

4,581

Иако земјава почна разговори со грчкото Министерство за транспорт за воведување на интегрирана наплата на патарините, не се знае кога граѓаните ќе можат без запирање да ги минуваат рампите на грчките автопати. Се поизвесно е дека овие преговори ќе треба да ги продолжи новиот состав на Министерството за транспорт, по изборите. Дополнително ќе треба да се разговара и со Црна Гора и со Хрватска со кои Србија наскоро воспоставува систем за интегрирана наплата на патарините, ако државава сака да им го олесни патувањето на граѓаните и на транспортерите и со овие земји.

За разлика од нас, Србија веќе ги кажа датумите од кои воведува единствен систем за наплата на патарините со Грција, Црна Гора и со Хрватска.






Според она што го најави српското претпријатие „Патишта“ српските граѓани ќе можат на едно место да платат патарина во Црна Гора од 15 април, со Хрватска од 15 мај, а со Грција од 1 јуни.

Претпријатието соопшти и дека заедничката наплата „Отворен Балкан ЕТЦ“ прераснува во иницијатива и платформа „Патарина за сите“ која, како што се наведува, носи нова ера на мобилност во нашиот регион.

„Патарина за сите“, покрај наплатата на патарините, ќе има и нови функционалности, како наплата на паркинг, туристички зони и слични услуги, за кои корисниците навремено ќе бидат информирани.

„По Северна Македонија, каде што системот веќе функционира, создаваме интегриран систем за наплата на патарина со Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Грција и работиме во иднина и други земји да станат дел од оваа иницијатива“ се наведува во соопштението на Патишта на Србија.

Ако патувате за Грција ќе треба првин да ги платите петте патарини низ земјава и дополнително патарините до местата во Грција. На прва рампа за патарина ќе треба да платите 60 ​​денари, на втората  80 денари, на третата 60 ​​денари, додека на четвртта рампа цената е 80 денари, а на последната 100 денари.

Еве колку ќе ве чини патарината до неколку локации во Грција

Веднаш штом ќе влезете во Грција преку преминот Евзони, на околу 500 метри од границата, ќе наидете на првата патарина во Грција каде патарината за моторни возила е 2,40 евра (во еден правец).

На обиколницата во Солун Цената на патарината за автомобили е 0,55 евра, за мотоцикли 0,35 евра, за возила со или без приколка и висина над 2,70 метри 1 евро, а за возила со или без приколка висина над 2,70 метри 1,50 евра.

На наплатна рампа Аспровалта, возачите сега плаќаат 1,10 евра за автомобили и 2,30 – 3,20 евра за големи возила на Аспровалта.

Ако одите за Халкидики  од патарината Евзони до Халкидики има две наплатни пунктови доколку ја користите Обиколницата.На Евзони ќе платите 2,40 евра, а на обиколницата 0,55 евра.

Ако одите од Евзони до Халкидики преку центарот на Солун, на Евзони ќе платите само 2,40 евра.

Од Солун до Халкидики нема наплата на патарина.

Од Солун до Атина има 11 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 33,25 евра.

 

Поврзани содржини