И Оскарите се поместуваат, нема да се одржат во февруари

431

Оскарите требаше да бидат доделени на 28 февруари 2021 година, но сега се одложени на 25 април.

Организаторите исто така се согласија да го продолжат крајниот рок за прифаќање на филмовите до крајот на февруари 2021 година наместо крајот на декември годинава, пишува Би-би-си.






Пандемијата веќе ја прекина работата на голем број филмови кои требаше да бидат објавени до крајот на годинава.

Сè уште не е познато дали церемонијата можеби ќе биде виртуелна.

Номинациите ќе бидат објавени на 15 март 2021 година.

Поврзани содржини