И ОФИЦИЈАЛНО НЕ ДОБИВМЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ Бугарија не го повлече ветото

Бугарија потврдила дека не може да ја одобри нацрт-преговарачката рамка и дека не може да постави рок за свикување на првата Меѓувладина конференција со Македонија, бидејќи барањата од националниот рамковен став, поддржан со Декларацијата на Националното собрание, не биле исполнети.

3,741

Бугарија денеска уште еднаш ја потврди блокадата за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија, а ваквата одлука била соопштена на Советот за општи работи што се одржа во Брисел.

Како што јавува БГНЕС, земјите-членки на Унијата денеска разговарале за прашањето за проширување на Унијата, како и за подготовките за Европскиот совет кој е закажан на 16 декември.






На состанокот, Бугарија потврдила дека не може да ја одобри нацрт-преговарачката рамка и дека не може да постави рок за свикување на првата Меѓувладина конференција со Македонија, бидејќи барањата од националниот рамковен став, поддржан со Декларацијата на Националното собрание, не биле исполнети.

Постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, амбасадорот Румен Александров, кој ја предводи бугарската делегација на редовниот состанок на Советот за општи работи, ја изразил подготвеноста на Софија да продолжи со директниот дијалог со Скопје со цел да се решат прашањата за неусогласеност, односно Договорот и заштитата на правата на граѓаните со бугарски идентитет, пишува бугарската новинска агенција, БГНЕС.

Иако словенечкото претседателство јавно настапи со надеж дека преговорите со Македонија и Албанија ќе почнат до крајот на оваа година и тоа беше експлицитно наведено во нацрт заклучоците, по денешните преговори меѓу министрите за европски прашања временската одредница не беше задржана.

Поврзани содржини