И ОФИЦИЈАЛНО ЕВРОТО СТАНА ХРВАТСКА ВАЛУТА На 1 јануари 2023 куната заминува во историјата

690

Хрватскиот парламент денеска со мнозинство гласови го изгласа Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска.

Според хрватските медиуми, за гласале 117 пратеници, 13 биле против и 1 воздржан. Десничарските партии во хрватскиот парламент се спротивставија на воведувањето на еврото, велејќи дека тоа ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе изврши притисок врз граѓаните.






Еврото ќе стане официјална валута во Хрватска на 1 јануари 2023 година и ќе ја замени куната.

Двете валути ќе се користат паралелно во месеците по официјалното воведување на еврото.

Економијата на Хрватска зависи од приходите од туризмот во текот на летните месеци. Секоја сезона земјата привлекува стотици илјади европски и други странски туристи.

Поврзани содржини