И НИЕ СМЕ АТИЏЕ Нова шанса за самовработување на рурални жени во битолско
Целната група на проектот „Економско зајакнување на руралната жена преку апикултура“ се невработени жени од рурални средини од битолскиот дел на Пелагониската котлина на кои ќе им се понуди обука за пчеларство и за производство на козметички производи од пчелни производи.
Во пчеларникот на браќата Нацо и Благоја Јовчевски, за кој веќе сме пишувале, пчеларник „БН“ во село Дихово под Пелистер кој е атракција за бројни посетители од државава и од странство, деновиве станува и место каде што ќе се одвива проектот „Економско зајакнување на руралната жена преку апикултура“.
Станува збор за проект со кој ќе бидат опфатени дваесет жени од руралните средини на општина Битола, кои во наредните седум месеци ќе имаат можност теоретски и практично да научат како се одгледуваат пчели и како да ги користат пчелните производи за подготвување на козметички производи. Со ова тие ќе добијат можност за отпочнување на свој сопствен бизнис.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.