И НАТО НУКЛЕАРНО ВЕЖБА ПОКРАЈ РУСИТЕ 14 земји со повеќе од 60 авиони ќе „одвраќаат“ во северозападна Европа

Одвраќањето е начин да се спречи каков било напад на сојузниците на НАТО и да се зачува мирот, додаде Јенс Столтенберг, генерален секретар на Алијансата.

138

По вестите за руските нуклеарни воени вежби „Гром“ за кои Москва го известила Вашингтон, не заостануваат ни американските маневри. Десетици авиони од земји членки на НАТО ќе учествуваат во годишната вежба за нуклеарно одвраќање „Steadfast Noon” во северозападна Европа.

„На НАТО вежбата  се вклучени 14 земји и повеќе од 60 авиони од различни типови”, соопшти Воздухопловната команда на НАТО, пренесе Анадолија.






Вежбата, што ќе трае до 30 октомври, почна на 17 октомври и во неа учествуваат и танкери и борбени авиони од четвртата и петтата генерација.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на 13 октомври изјави дека долго планираната рутинска вежба обезбедува нуклеарните капацитети на Алијансата да останат безбедни, сигурни и ефикасни.

– Одвраќањето е начин да се спречи каков било напад на сојузниците на НАТО и да се зачува мирот – додаде Столтенберг.

Поврзани содржини