И НАТАМУ ВИСОКИ БРОЈКИ 23 лица починаа, а 464 лица се новозаболени со ковид-19

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројката на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412.

692

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 464 нови случаи на ковид-19, битката со вирусот ја загубија 23 лица, додека 435 пациенти се оздравени.

Во последните 24 часа се направени 4.553 тестирања, а регистрирани се 464 нови случаи на ковид-19 Скопје – 225, Куманово – 42, Струмица – 35, Штип – 27, Велес – 24, Охрид – 21, Прилеп – 15, Тетово – 10, Свети Николе – 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Кавадарци, Кочани и Кратово – по 5, Гостивар, Битола, Дебар и Виница – по 4, Радовиш и Крива Паланка – по 3, Струга и Неготино – по двајца, Гевгелија, Македонски Брод и Дојран – по еден.






Регистрирани сe 435 оздравени пациенти од Скопје – 183, Гостивар – 43, Куманово – 27, Струмица – 22, Битола – 20, Кичево – 19, Штип – 15, Свети Николе – 13, Кавадарци – 11, Прилеп – 10, Велес и Кочани – по 8, Ресен и Богданци – по 7, Делчево – 6, Неготино – 5, Радовиш и Кратово – по 4, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Валандово и Македонска Каменица – по 3, Берово, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се 23 починати лица: 11 починати лица од Скопје (47, 55, 61, 78, 78, 79, 79, 81, 81, 81 и 83), по три починати лица од Охрид (40, 68 и 75) и Струга (45, 67 и 77), две починати лица од Велес (60 и 73) и по едно починато лице од Тетово (62), Куманово (54), Кичево (72) и Македонски Брод (73).

Од пријавените 21 лице е починато во болнички услови и 2 се починати во домашни услови.

Направени се 4.553 тестови преку: ИЈЗ-215, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово–41, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–280, Жан Митрев (Филип Втори)-93, Авицена-215, Биотек-246, Систина-64, лабораторија Лаор-314, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност–94, Генеа-15, Никоб лаб-622, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-79, Ројал Медика –42, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.962.

Досега во земјата се направени вкупно 1.223.054 тестирање на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројката на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 79.298, активни 5.858, Куманово 10.743, активни 898, Тетово 10.649, активни 1.184, Прилеп 8.818, активни 281, Гостивар 7.869, активни 688, Битола 6.863, активни 265, Велес 5.930, активни 257, Охрид 5.712, активни 590, Кавадарци 5.619, активни 192, Струмица 5.488, активни 565, Штип 5.456, активни 233, Кичево 3.794, активни 483, Струга 3.716, активни 630, Кочани 3.069, активни 108, Гевгелија 2.327, активни 72, Неготино 2.276, активни 48, Свети Николе 1.777, активни 117, Ресен 1.470, активни 107, Дебар 1.433, активни 216, Радовиш 1.421, активни 110, Крива Паланка 1.322, активни 64, Берово 1.177, активни 58, Делчево 1.095, активни 75, Виница 990, активни 45, Пробиштип 876, активни 50, Валандово 768, активни 34, Богданци 539, активни 24, Крушево 518, активни 18, Кратово 506, активни 58, Македонски Брод 452, активни 39, Демир Хисар 418, активни 10, Демир Капија 404, активни 3, Пехчево 307, активни 11, Македонска Каменица 284, активни 17 и Дојран 139, активни 4.

Поврзани содржини