И НАПАЃАЧОТ БИЛ ЈЕХОВИН СВЕДОК, И ТОЈ Е МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ!? Се открива извршителот на масакрот во Хамбург

Напаѓачот, за кој се верува дека е поранешен член на оваа заедница, синоќа околу 21 часот упаднал во просториите на Јеховините сведоци и почнал да убива луѓе со огнено оружје.

238

Германскиот граѓанин Филип Ф. на возраст од 35 години, најверојатно е извршителот на масакрот во храмот на Јеховините сведоци во Хамбург, во кој загинаа осум лица, објавуваат германски медиуми во очекување на официјалните наоди од истрагата.

Напаѓачот, за кој се верува дека е поранешен член на оваа заедница, синоќа околу 21 часот упаднал во просториите на Јеховините сведоци и почнал да убива луѓе со огнено оружје.






Полицијата утринава соопшти дека напаѓачот најверојатно е меѓу осумте убиени, но не го откри неговиот идентитет.

Наводно, насилникот отворил оган кон собирот за време на настанот. Кога пристигнала полицијата, тој наводно се самоубил.

Според информациите на Билд и Шпигл напаѓачот Филип Ф. е поранешен член на Јеховините сведоци. Пред злосторството тој немал досие во полицијата, па не бил етикетиран како екстремист.

ВИДЕО ОД НАПАЃАЧОТ ВО ХАМБУРГ Пукал низ прозорец, специјалците се качиле по скалите

Поврзани содржини