И МОЕТО ДЕТЕ ИМА ПРАВО ДА РАБОТИ Џафери не гледа ништо спорно во тоа син му да биде обвинител

Синот на собранискиот спикер Талат Џафери е само еден од децата на политичари кој положи во Академијата за судии и јавни обвинители.

359

Собранискиот спикер Талат Џафери смета дека нема ништо невообичаено во тоа што син му Барлет Џафери станува обвинител, иако имаше низа реакции за начинот на кој бил запишан и завршил како слушател на Академијата за судии и јавни обвинители.

Џафери посочува дека и Антикорупциска нема најдено ништо спорно во постапката преку која тој влегува во правосудните органи.






– И моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа – изјави Џафери.

Синот на Џафери е само еден од децата на политичари кој положи во Академијата за судии и јавни обвинители.

Силна реакција за ваквата одлука пристигна од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а пратеничката Ели Панова од оваа партија вчера истакна дека изборот на синот на Талат Џафери за обвинител, за кој ДКСК отвори постапка дека положил правосуден пред да заврши факултет, е директен удар врз правосудството.

– Секој има право да конкурира, да се запише, да направи одреден успех, и да се рангира на одредена листа. Меѓутоа, за лица за кои што постојат сомневања, и притоа ДКСК отворила предмети, како што е на пример случајот со синот на Талат Џафери, за кој што излезе во јавноста дека всушност без завршен факултет полагал правосуден испит, и утре треба да биде обвинител или судија, е директен удар врз судството и обвинителството. Впрочем, како ние утре да веруваме дека некој од овие лица ќе дели правда, кога се отворила ваква дилема без да биде притоа затворена за јавноста и без да биде одговорено од институциите од кои што тоа се очекува – рече Панова.

Поврзани содржини