Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за образование и наука Арбер Адеми се нагативни на ковид-19. Тие денеска на своите Фејсбук профили објавија дека е негативен првиот тест што им бил направен.
– По една недела изолација, првиот тест за ковид-19 е негативен. Врз основа на одлуката ми требаат уште седум дена за да останам во изолација, а потоа и вториот тест – напиша вицепремиерот Османи.
Министерот Адеми, кој исто така информира дека е негативен, им се заблагодари на сите за поддршката и им посака брзо закрепнување на сите заболени.
„Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките, да останат дома, да внимаваат на хигиената и да одржуваат меѓусебно растојание од два метра“, напиша Адеми.
Османи и Адеми, како и премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во самоизолација откако имаа средба со градоначалникот на Куманово кој е позитивен на ковид-19. Во текот на денот се очекуваат резултатите од тестирањето и на Спасовски и на Филипче.