Само 2 часа разговори и 4 чаши виски биле доволни да го омекнат поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, за да направи отстапки за статусот на Сараево, во разговорите кои се водени во 1996 година во САД, непосредно пред склучувањето на Дејтонскиот договор, открива порталот Блиц.рс, повикувајќи се на обелоденети тајни документи.
Не само тоа, Милошевиќ организирал и вечера на која се служеле јастози. Тој сакал да ги малтретира соговорниците, но и разменувал шеги со претседателот на Претседателството на БиХ, Алија Изетбеговиќ.
Додека Србите ги оплакуваа своите најблиски кои загинаа во војната во Босна и се скараа под економски санкции, Милошевиќ не се раздели од виски, се вели во тајните документи на кои се повикува Блиц.
Преговорите во Дејтон траеја од 1 до 21 ноември 1995 година, а договорот со кој се стави крај на четиригодишната војна во Босна беше потпишан во Париз на 14 декември. На договорот му претходеа разговори што се водеа во воздухопловната база „Рајт-Патерсон“ во Охајо.
Главни учесници во разговорите беа претседателот на Србија Слободан Милошевиќ, претседателот на Претседателството на БиХ Алија Изетбеговиќ и претседателот на Хрватска Фрањо Туѓман. Претставници на САД беа Ворен М. Кристофер (државен секретар 1993-1997), преговарачот Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк.