И МИЛИЈАРЕДРОТ МАСК КОМЕНТИРАШЕ ЗА ТОА Се вакцинира Србинот кој живее во пештера (ВИДЕО)

Панта Петровиќ од Пирот, како што самиот раскажува, донел одлука животот да го помине во пештерите на Стара Планина, бидејќи таму има целосна слобода и воопшто не се кае.

3,941

Србинот кој се „одметна“ од цивилизацијата и 15 години живее во пештера се вакцинирал. Тоа го привлече вниманието и на светските медиуми, но и на милијардерот Илон Маск кој ги повика следбениците да се вакцинираат.

Панта Петровиќ од Пирот, како што самиот раскажува, донел одлука животот да го помине во пештерите на Стара Планина, бидејќи таму има целосна слобода и воопшто не се кае. И покрај тоа што живее далеку од цивилизацијата, тој одлучил да се вакцинира.






– Ја примив првата доза од вакцината, го очекувам повикот за втората доза. Не се мислев многу, се вакцинираа сите мои пријатели, другари, и апелирам до сите да се вакцинираат, бидејќи особено ние од селата сме загрозени. Короната лесно може од градот да дојде во селото, шумата, насекаде има луѓе – вели Петровиќ.

 

На оваа информација реагираше и милијардерот Илон Маск.

Тој на својот профил на Твитер ја сподели приказната на светските медиуми за Панта Петровиќ коментирајќи: „Дури и српскиот пештерски самотник се согласува…“.

Коментарот најверојатно ова се однесува на важноста на вакцинацијата против ковид-19.

Петровиќ ја раскажува својата пријазна.

 

Поврзани содржини