И МЕКСИКО ИМА ПЛАН СО ЦАРИНИ ЗА ПОСИЛНА ЕКОНОМИЈА Кина и земјите кои немаат трговски договор можат да очекуваат високи царини
Засега нем детали за тоа кои производи или сектори од споменатите земји би можеле да бидат засегнати кога ќе бидат воведени царините.
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изјави дека нејзината влада размислува за воведување царини за увоз од земји кои немаат трговски договори со Мексико, вклучувајќи ја и Кина.
Тарифите би биле дел од „Планот Мексико“, иницијатива за зајакнување на домашната индустрија во време кога американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за одредени увезени стоки од Мексико.
Шајнбаум не даде детали за тоа кои производи или сектори од споменатите земји би можеле да бидат засегнати кога ќе бидат воведени царините.
Мексико е вклучен во трговскиот договор со САД и Канада кој го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија во 2020 година, а кој беше договорен за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп.
Спогодбата бара од трите земји да спроведат заедничка ревизија по 6 години.