И МАЛИОТ СОРОС ШУТИРАЛ НА МАЛИТЕ ГОЛЧИЊА НА ГРУБИ Вицепремиерот повторно објави фотографии од „спортски активности“ во неговиот кабинет
По „пријателскиот разговор околу актуелната политичка ситуација“ Груби и Сорос се релаксирале од стресот со шутирање на мали голчиња.
Нова фотографија од играње фудбал во кабинетот на вицепремиерот за политички систем и односи со заедниците Артан Груби е објавена на неговиот профил на Фејсбук.
Овојпат во неговиот кабинет, во кој има мали голчиња за фудбал, своите фудбалски вештини ги демонстрира неговиот гостин Александар Сорос, син на познатиот милијардер, филантроп и финансиер Џорџ Сорос.
– Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и Претседател на Фондацијата „Отворено општество“, г-дин Александар Сорос – напиша Груби.
Минатата недела Груби објави фотографии како во својот кабинет игра фудбал и кошарка со своите сопартијци, што предизвика лавина реакции во јавноста, па тој мораше да се правда и да објаснува.