И МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈДЕ ВО ДОСИЕЈАТА НА ЕПШТАЈН Се спомнува како „земја на потекло“ на смрзнати човечки мозоци!?

Во еден од цитираните мејлови се наведува дека процесот бил олеснет од член на факултетот на Универзитетот Колумбија, кој бил по потекло од Македонија. Тој помогнал во организацијата на целата постапка.

197

Во објавени електронски пораки и документи поврзани со случајот на починатиот американски милионер и сексуален престапник Џефри Епштајн се појавува и Македонија. Во еден од објавените меилови се содржани наводи дека човечки мозоци од починати лица од Македонија биле замрзнувани и транспортирани во САД за научно-истражувачки цели.

Станува збор за новинарско истражување на „Блумберг Бизнисвик“, потпишано од новинарите Синтија Кунс и Роберт Лагрет, кое по меил му било испратено на основачот на инвестициската компанија „Турмалин Партнерс“ Ике Гроф, на 5 февруари 2019 година.






Овој меил се најде во повеќе од 3 милиони документи, што американското Министерство за правда ги објави на 30 јануари како дел од случајот „Епштајн“. Мејлот не е директно поврзан со сексуалниот скандал на Епштајн, но е дел од документите извадени од неговите преписки.

Истражувањето, во кое се спомнува Македонија, е објавено под наслов „Лек стар 50 години што би можел да ја реши американската криза со самоубиствата“ и се однесува на научни истражувања за самоубиствата и употребата на кетамин.

Во текстот се наведува дека американски научници, поврзани со Универзитетот Колумбија, со години создавале банка од околу 1.000 човечки мозоци, кои служеле за истражувачки цели. Колекцијата вклучувала примероци од лица кои извршиле самоубиство, како и контролни примероци, при што Македонија е наведена како една од земјите од кои биле обезбедени дел од примероците.

Според објавените информации, мозоците биле отстранувани по смртта, веднаш замрзнувани и транспортирани во САД, каде биле правилно означени и архивирани. Во дел од електронската кореспонденција се опишуваат и логистички детали за криопрезервацијата и транспортот на примероците.

Во еден од цитираните мејлови се наведува дека процесот бил олеснет од член на факултетот на Универзитетот Колумбија, кој бил по потекло од Македонија. Тој помогнал во организацијата на целата постапка. Во пораката се опишува и начинот на транспорт и складирање на примероците, кои биле означени и архивирани за научна употреба.

Министерството за правда на САД на 30 јануари 2026 година објави милиони страници документи поврзани со случајот Епштајн, по што неговото име повторно се најде во фокусот на јавноста. Новите објави отвораат прашања за обемот на неговото влијание и врските со различни влијателни личности, како и научни и истражувачки институции. Меѓудругото, тој се јавувал како донатор на медицински истражувања за развој на вакцини, како и за програми за имунизација.

Поврзани содржини