И МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА НАСТАПИ НА ЕВРОСОНГ Има за неа место под знамето на Апсурдистан!

Црна Гора, Македонија, Бугарија, Словачка, Унгарија, БиХ и Турција оваа година нема да имаат претставник на европското натпреварување. Дубиоза колектив покрена петиција во нивно име да настапи како претствник на Апсурдистан.

356

Членовите на босанскиот бенд Дубиоза колектив ги молат фановите да потпишат петиција за нивно учество на годинашниот избор на Евровизија, којшто ќе се одржи во мај во Ливерпул.

„Отпочната е петиција за учество на Дубиоза колектив на Евровизија, како претставник на оние кои не се застапени. Црна Гора, Македонија, Бугарија, Словачка, Унгарија и Турција оваа година нема да имаат претставник на европското натпреварување, како ни Босна и Херцеговина, која поради неподмирени долгови кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ) веќе 7 години не учествува на Евровизија“, наведува бендот.






Тие сакаат публиката да го даде својот глас на колективното барање ЕБУ да им дозволи 3-минутен настап со кој ќе ги претстават незастапените.

„Дубиоза колектив ќе пее под знамето на Апсурдистан. Дубиоза колектив не сака да се натпреварува, но сака да учествува“, се вели во соопштението. Сите заинтересирани можат да ја потпишат петицијата на следниот линк.

За потсетување, Брано Јакубовиќ во декември во емисија на „BHRT“ најави дека бендот ќе се пријави на ова музичко натпреварување.

Поврзани содржини