И МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ ЈАДАТ „ДОН ДОН“ ЛЕПЧИЊА СО СВЕТСКИ ВКУС Најголемата светска пекарница „Бимбо“ доаѓа во регионот
Според договорот, словенечката компанија „Дон Дон“ која ги извезува своите производи и во Македонија, ќе ја преземе водечка улога во развојот на бизнисот и продажната програма во Централна и Јужна Европа, каде што „Бимбо“ досега не бил присутен.
Словенечката групација „Дон Дон“ за производство на индустриски колачи и мексиканската групација „Бимбо“ склучија стратешки договор со кој словенечката групација ќе стане дел од еден од најголемите пекарски системи во светот
„Дон Дон“ ќе ја преземе водечка улога во развојот на бизнис и продажната програма во Централна и Јужна Европа, каде што мексиканската компанија „Бимбо“ досега не била присутна.
-„Дон Дон“ ќе продолжи да ги зајакнува пазарните удели на сите пазари каде што веќе работи. Пекарските производи на „Дон Дон“ ќе добијат единствена можност за промоција и продажба на светските пазари преку групацијата „Бимбо“. Здружената пекарска групација ќе го зајакне своето регионално присуство и ќе продолжи со инвестиции во фабрики за висока технологија, стратешки врски и преземања на клучните пазари – велат од словенечката компанија, пренесе агенцијата СТА.
Пред да влезат во стратешки односи, двајцата партнери ќе треба да ги исполнат сите дадени услови, што планираат да ги направат во следните 5 месеци.
Компанијата „Дон Дон“ започна со работа во 1994 година во Метлика. Во 2003 година се прошири во Хрватска, а од 2008 година стана водечка пекарница во Србија. Во октомври 2015 година ја презеде пекарата Гросупље.
Денеска има подружници во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Романија и Хрватска, а извезува производи во Македонија, Грција и Словачка. Во Словенија има производствени капацитети во Крањ и Гросупље, а ги поседува брендовите „Твојих 5 минути“ и Пекарна Гросупље.
„Дон Дон“ вработува 2.415 луѓе на ниво на група.
„Bimbo Group“, со седиште во Мексико Сити, е присутна во 35 земји во Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка. Има 227 производствени погони и повеќе од 1.500 продажни центри.