И лекар за ковид-19 во хотелите со над 50 соби во Грција
Oд Националната организација за јавно здравје преку социјалните мрежи ги повикаа заинтересираните лекари да се пријават на нивните семинари.
Националната организација за јавно здравје на Грција во соработка со Министерството за туризам започна со онлајн едукативни семинари за лекарите кои соработуваат со хотелите и туристичките објекти во пресрет на сезоната, јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно здравствените протоколи на Министерствата за туризам, финансии и здравство на Грција, хотелите и туристичките објекти со над 50 соби потребно е да имаат одредено лекар соработник, кој би интервенирал, доколку меѓу гостите или вработените се појави сомнителен случај на Ковд-19.
Затоа, од Националната организација за јавно здравје преку социјалните мрежи ги повикаа заинтересираните лекари да се пријават на нивните семинари.