🎥 И КУРТИ ПО СТАПКИТЕ НА ЗАЕВ Косовскиот премиер измамен од руските пранкери, мислел дека разговара со претседателот на Летонија

Инцидентот се случил на 11 февруари, два дена по парламентарните избори, во време кога Курти добивал бројни повици и честитки за изборниот резултат и дека поради временските ограничувања не можело секогаш да се вршат целосни проверки на секој повик.

554

Кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти во соопштение призна дека премиерот бил жртва на руските комичари, нарекувајќи го тоа „несреќен инцидент“ и оценувајќи дека Русија е „опседната“ со Косово, објави порталот Репортери.

Како што е наведено, инцидентот се случил на 11 февруари, два дена по парламентарните избори, во време кога Курти добивал бројни повици и честитки за изборниот резултат и дека поради временските ограничувања не можело секогаш да се вршат целосни проверки на секој повик.






Пранкерите му се јавиле на Курти во името на летонскиот претседател и отвориле повеќе теми на разговор.

„Овој немил инцидент го зајакнува она што одамна го знаеме – Русија е опседната со Косово и продолжува да нѐ држи како своја цел“, се вели во соопштението.

Додаваат дека Спутник Србија и Раша Тудеј објавиле повеќе од 60 лажни вести и дезинформации за време на изборната кампања за парламентарните избори на Косово, мешајќи се во демократскиот процес, што, како што тврдат, го документирала и мисијата на ЕУ за набљудување на изборите.

„Иако жалиме што премиерот Курти стана цел на таков повик, оваа епизода ги потврдува неговите принципиелни и конзистентни позиции за клучните прашања, како во јавните така и во приватните разговори“, се вели во соопштението од кабинетот на косовскиот премиер Курти.

Поврзани содржини