И КУЧИЊАТА СИ ИМААТ МАКА СО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ Ќе го пренесете миленикот преку граница само ако пишува „Северна“ во пасошот!
Добрата вест е дека за разлика од пасошите за луѓе, пасоши за миленици со „Северна“ се издаваат веќе неколку години, па релативно мал е бројот на сопственици на животни кои поседуваат пасоши со старото државно име.
Сопствениците на кучиња и други животни во Македонија за кои е задолжителна патна исправа за патување во странство треба да имаат патни исправи со Cеверна Македонија наместо со Република Македонија, објави Република.
Сепак, ветеринарните амбуланти, кои ги издаваат овие документи, засега немаат добиено известување дали тие што имаат патни исправи за милениците со старото име на државата задолжително треба да ги сменат или, пак, пасоши со новото уставно државно име ќе добијат само сопствениците кои отсега ќе вадат нови документи за своите миленици.