И КОМИЧАРОТ ЏИМ КЕРИ ДОБИ ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО РУСИЈА На Путин ништо веќе не му е смешно

Сто граѓани на Канада, од кои многумина биле поврзани со етнички украински организации, се санкционирани поради „учество во формирањето на (канадскиот) агресивен антируски курс“.  

178

Руското Министерство за надворешни работи им забрани на стотина Канаѓани да влезат во Русија. Меѓу нив се и актерот Џим Кери и Маргарет Атвуд, авторката на романот „Приказната на слугинката“. На листата е и премиерката на Алберта Даниел Смит, како и некои новинари од канадската државна радио и телевизија CBC.

Руска одмазда: Министерството објави дека тие и 97 други лица, од кои многумина биле поврзани со етнички украински организации, се санкционирани поради „учество во формирањето на (канадскиот) агресивен антируски курс“.






Откако Русија ја започна својата агресија врз Украина кон крајот на февруари, Канада го затвори својот воздушен простор за руските авиони и им забрани на руските бродови да ги користат канадските пристаништа и внатрешните води. Канада ја забрани и продажбата на луксузни предмети од Русија, но им забрани на канадските банки да вршат трансакции со руската централна банка.

Руси на канадската црна листа: Канада санкционираше и повеќе од 1.500 руски граѓани и компании. Меѓу нив се претседателот Владимир Путин, неговите две возрасни ќерки, руската атлетичарка Алина Кабаева, за која се верува дека е партнерка на Путин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, гувернерката на централната банка Елвира Набиулина и многу блиски соработници на Путин.

Да се потсетиме: Ова се некои од најинтересните ликови на Џим Кери

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jim Carrey (@jimcarrey__)

Поврзани содржини