И Кичево доби модуларен ковид-центар со капацитет од 45 кревети

Со овој ковид -центарот двојно се зголемува капацитетот на кичевската болница.

174

Завршена е изведбата и поставувањето на модуларниот ковид–центар во Кичево. Тој е со површина од 700 метри квадратни и има капацитет од најмалку 45 болнички легла, информира на Фејсбук министерот за здравство Венко Вилипче.

Според него, со тоа двојно се  зголемува постојниот болнички капацитет.






Филипче најави втората фаза во изведбата на новата болничка зграда.

– Со ова, значително ги подобруваме условите за престој и медицински третман на пациентите, но и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За неколку месеци, првпат ќе биде инсталиран и апарат за компјутерска томографија – потенцира Филипче

Поврзани содржини