И општина Карбинци е додадена на списокот на општини кои ќе бидат под 80-часовен полициски час.
Забраната за движење од утре 21 до понеделник 05 часот ќе важи за Скопје, Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.
Во сите други градови полицискиот час утре ќе почне во 21 часот и ќе трае до петок 05 часот, а потоа секој ден ќе трае од 16:00 до 05:00 часот.