„И КАНАДА ЌЕ ВЕЖБА НА ГРЕНЛАНД, СО САД ИМАМЕ СОРАБОТКА“ Дански генерал го повика Трамп на маневрите на НАТО?

Генералот Сорен Андерсен за Си-Ен-ЕН потврдил дека во вежбата на НАТО на Арктикот учествуваат и Канада и останатите сојузници. Тој вели дека ништо не се променило во соработката со САД.

712

Канада и останатите сојузници ќе учествуваат во вежбата Арктичка издржливост на Гренланд, потврди данскиот генерал Сорен Андерсен.

– Ова го правиме за да ја задржиме стабилноста и да го одвратиме секој што ќе посегне кон Арктикот – рекол Андерсен за Си-Ен-Ен.






Тој изјавил дека не забележал ниту руски ниту кинески бродови околу островот, но дека НАТО мора да биде подготвен за секое сценарио.

И покрај тоа што Трамп во 2019 зборувал за анексија на Гренланд, Данска не ја затвора вратата. Напротив, генералите испраќаат порака – подобро заедно отколку во студена војна.

– Ништо не се променило во нашата соработка. Со САД работиме рамо до рамо веќе со децении – рекол Андерсен.

Според него, болката од изгубените 52 дански војници во Авганистан и Ирак уште чука, но довербата со Вашингтон останува.

Во меѓувреме на социјалните мрежи беше најавено дека на 17 јануари ќе има големи протести во Данска против можното американско преземање на  Гренланд.

На 16 јануари, блискиот советник на Трамп, Стивен Милер ги потврди ставовите на Америка за територијата.

– Гренланд е околу една четвртина од големината на Соединетите Американски Држави. Данска, со сета должна почит, е мала земја со мала економија и мала војска. Не може да го брани Гренланд – изјави тој за „Фокс њуз“.

Поврзани содржини