И кај нас повеќе лица да се тестираат на новиот вирус, предлага Комисијата
Оваа мерка почнува да важи во Србија каде граѓаните масовно ќе се тестираат на новиот вирус, според препорака на кинеските експерти кои од завчера таму престојуваат, а целта е самоизолација на што повеќе заразени со вирусот и заштита на здравите.
Една од мерките којашто била предложена на денешниот состанок на Комисијата за заштита од заразни болести е и кај нас повеќе лица да се тестираат на новиот вирус. Оваа мерка почнува да важи во Србија каде граѓаните масовно ќе се тестираат на новиот вирус, според препорака на кинеските експерти кои од завчера таму престојуваат, а целта е самоизолација на што повеќе заразени со вирусот и заштита на здравите.
Можеби ќе ве интересира
Дали оваа мерка ќе се примени и кај нас, ќе треба да реши Владата. Во Центарот за јавно здравје во Скопје велат дека вчера биле закажани 22 пациенти за тестирање во двете скопски поликлиники во Аеродром и во Ченто. Брисеви за тестирање од вчера се земаат на 14 пункта во земјата.