И Идрис Елба позитивен на коронавирус, веднаш изолиран: Немав никакви симптоми! ВИДЕО

1,073

Британскиот актер Идрис Елба (47) призна на социјалните мрежи дека е позитивен на коронавирус. Актерот вели дека се чувствува добро и дека во моментот нема симптоми, но дека е изолиран откако открил дека бил изложен вирус.

– Утрово ги добив резултатите од тестирањето на коронавирус и се покажа дека сум заразен. Немав симптоми, се тестирав бидејќи бев во контакт со некој кој дозна дека е заразен. Штом дознав дека е заразен, веднаш се повлеков во самоизолација и направив тестови, а денеска пристигнаа резултатите. Тоа е сериозно. Сега е добро време да се оддалечите од луѓето, да ги миете рацете… Постојат луѓе кои се заразени, а немаат никакви симптоми. Затоа, сега е време да бидете многу претпазливи – рекол во видеото.






Елба додал дека колегите и семејството го поддржуваат и напоменал дека е важно отворено да признаете дека сте заразени.

– Ако ви е лошо, ако сте биле изложени, преземете нешто, тоа е многу важно. Сега живееме во поделен свет, сите тоа го чувствуваме. Но, сега е време за солидарност и да мислиме едни на други. Ова е реалност – порачал и додал дека ќе им се јавува на фановите и ќе ги информира за својата состојба.

– Засега се чувствувам добро. Бидете прагматични, немојте да паничите – заклучил Идрис Елба.

 

Поврзани содржини