Скопје за 80-часовниопт карантин остана и без закрилата на својот градоначалник, Петре Шилегов, кој за ТВ24 потврди дека е на својот имот во Маврово, кој го смета за свој дом.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, рекол дека е во својот роден град Охрид, напоменувајќи дека партијата била против воведувањето на овој карантин.
– Секако ќе имаше многу патувања од местото на живеење, ако се има предвид дека имаме продолжен викенд. Ние мора да научиме да живееме со вирусот, ама каде и да се оди мора да се почитуваат мерките за лична заштита – носење маска миење раце и одржување физичка дистанца – изјави вчера Филепче.