И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ СИ ЈА ПРОБА СРЕЌАТА Натпревар во играње табла во Кавадарци

Годинава имаше 50 заинтересирани играчи од Кавадрци и од други општини. Целта е во иднина натпреварот да прерасне во меѓународен, велат локалните власти.

627

Традиционален натпревар во играње табла се реализира денеска во Кавадарци, во рамки на стопанско – културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“.

– Годинава имаме 50 заинтересирани играчи за одмерување на силите во оваа игра, од нашата, но и од други општини. Наша цел е во иднина натпреварот да прерасне во меѓународен – рекоа за МИА од кавадаречката локална самоуправа.






Меѓу натпреварувачите има и млади и возрасни, а меѓу нив се и четири припаднички на понежниот пол. Најдобрите ќе бидат наградени.

Задоволство од настанот изрази и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев кој и самиот заигра табла. Тој нагласи дека Општината и понатаму како и досега, ќе поддржува вакви и слични настани.

Поврзани содржини